
hr minhr min
3.
Користете го + или - за да ја поставите
потребната функција на часовникот.
Екранот го покажува показателот за
функција на часовникот што сте го
поставиле. Кога времето ќе истече,
индикаторот трепка и во траење од 2
минути се огласува звучен сигнал.
Кај функциите Траење и Крај ,
апаратот автоматски се деактивира.
4.
Притиснете кое било копче за да го
исклучите сигналот.
5.
Свртете го копчето за функција на
печката и копчето за температура во
положба исклучено.
9.3 Откажување на функциите на
часовникот
1.
Повеќепати притискајте го Селекторот
додека не почне да трепка индикаторот
за соодветната функција.
2.
Притиснете го и задржете го копчето -.
Функцијата на часовникот се гасне по
неколку секунди.
10. РЕРНА - КОРИСНИ ПРЕДЛОЗИ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
Температурата и времињата на
печење во табелите се само водич.
Тие зависат од рецептите,
квалитетот и количината на
состојките што се употребуваат.
ВНИМАНИЕ
Користете длабок сад за печење за
многу сочни колачи. Овошните
сокови може да остават трајни дамки
на емајлот.
10.1 Печење
Општи совети
• Вашата нова печка може да ги пече
тестото и месото различно од онаа што сте
ја имале порано. Приспособете ги
вообичаените поставки (температура,
траење на готвењето) и нивоата на
рерната кон вредностите во табелите.
• При подолго печење, печката може да се
исклучи 10 минути пред крајот на времето
на печење за да се искористи
преостанатата топлина.
Кога користите замрзната храна, плеховите
во рерната можат да се извиткаат во текот на
печењето. Кога повторно ќе се изладат,
изобличувањето ќе исчезне.
Како да ги користите табелите за печење
• Ви препорачуваме првиот пат да користите
пониска температура.
• Ако не можете да ги најдете поставките за
одреден рецепт, побарајте нешто слично.
• Времето на печење може да биде 10-15
минути подолго кога печете колачи на
повеќе нивоа.
• Колачите и печивото со различна висина
може отпрво да се запечат со различен
степен. Доколку дојде до тоа, не треба да
ја менувате температурата. Разликата ќе
се израмни во текот на печењето.
10.2 Совети за печење
Резултати од печењето Можна причина Решение
Колачот не е доволно
испечен долу.
Погрешна позиција на
решетката.
Ставете го колачот пониско.
МАКЕДОНСКИ 13
Komentáře k této Příručce