
Нега и чистење
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги вршат само
овластени техничари.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
• измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода со малку неутрална сапуница.
• редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без нечистотии.
• избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги и
не оштетувајте ги цевките и каблите во
фрижидерот.
Не користете детергенти, груби прашоци,
многу парфимирани средства за чистење или
восок за полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да се
оштетат површините и да остане силен
мирис.
Чистете ги кондензаторот (црната решетка) и
компресорот од задната страна на апаратот
со четка или правосмукалка. Со тоа се
подобрува работењето на апаратот и се
штеди електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
тоа, се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm
ВАЖНО Околу 12 часа пред одмрзнувањето,
нагодете го регулаторот на температурата
кон повисоките поставки за да се насоберат
доволни резерви студ за време на прекинот
на работата.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин
1. Исклучете го апаратот и исклучете го
кабелот за напојување од штекерот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете ја на
студено место.
ВНИМАНИЕ Не допирајте ги смрзнатите
работи со мокри раце. Рацете може да се
залепат за смрзнатите работи.
3. Оставете ја вратата отворена и вметнете
го пластичниот гребач во соодветното
лежиште во долниот среден дел, ставајќи
леѓен одоздола за да ја собира водата од
одмрзнувањето.
За да се забрза одмрзнувањето, ставете
сад со топла вода во комората за
замрзнување. Освен тоа, отстранете ги
парчињата мраз што се откачуваат пред да
заврши одмрзнувањето.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето, темелно
исушете ја внатрешноста и чувајте го
гребачот за идна употреба.
5. Вклучете го апаратот.
6. Свртете го регулаторот на температурата
на средната положба и оставете го да
работи најмалку 4 часа со вклучен
„прекинувач на замрзнувачот“.
7. Откако ќе се исклучи црвеното показно
светло, внесете ја во преградите
претходно извадената храна.
electrolux 39
Komentáře k této Příručce