
• свртете го регулаторот на температурата
кон поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
• собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• местоположбата на апаратот.
Функција за брзо замрзнување
Ако треба да се замрзнат повеќе од 3-4 kg
храна:
1. Притиснете го прекинувачот на
замрзнувачот за да ја активирате
функцијата за брзо замрзнување 6-24 часа
пред да ставите свежа храна во
фрижидерот, жолтото показно светло ќе
светне. Компресорот сега ќе работи
постојано за да може свежата храна да се
замрзне најбргу што може.
2. Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на прекинувачот на
замрзнувачот.
3. Ставете ја храната во преградата за
замрзнување (најгоре) и оставете го
прекинувачот на замрзнувачот вклучен
уште 24 часа.
4. Потоа притиснете го прекинувачот на
замрзнувачот повторно (жолтото показно
светло ќе се изгаси и прекинувачот се
свртува во неговата почетна положба).
5. Преместете ја замрзнатата храна од
горната преграда (за замрзнување) во
другите две прегради (прегради за
складирање). За максимален ефект на
замрзнување, извадете ја горната фиока
(ако е предвидена фиока) и потоа ставете
ја храната што треба да се замрзне
директно на испарувачот. Ако се
замрзнуваат помали количини храна, не
треба да ја вадите фиоката.
Ако прекинувачот на замрзнувачот
случајно остане вклучен, замрзнувачот
нема да се оштети, но ќе се потроши струја.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и малку неутрален сапун за да
се отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или груби
прашоци, тие може да ја оштетат политурата.
Секојдневна употреба
Замрзнување свежа храна
Преградата на замрзнувачот (најгоре) е
погодна за замрзнување свежа храна и
чување смрзната и длабоко смрзната храна
подолго време.
За да замрзнете свежа храна, активирајте ја
функцијата за брзо замрзнување.
Максималното количество храна што може да
се смрзне за 24 часа е дадено на плочката со
спецификации , етикета што се наоѓа на
внатрешната страна на апаратот.
Смрзнувањето трае 24 часа: во текот на овој
период не треба да додавате друга храна за
замрзнување.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
преградата, оставете апаратот да работи
барем 2 часа на најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја, ако
немало струја подолго време отколку под
ставката "време на одржување" во табелата
за технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да се смрзне
(откако ќе се излади).
Одмрзнување
Пред да се користи, длабоко замрзнатата или
обично замрзнатата храна може да се
одмрзне на собна температура.
Малите парчиња може дури и да се готват
замрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
38 electrolux
Komentáře k této Příručce