
ВАЖНО Секогаш кога ќе ја испуштите
водата со цревото за итно празнење
мора да истурите 2 литра вода во
главната преграда на фиоката за
детергент, а потоа да ја пуштите
програмата за црпење. Тоа ќе го
активира уредот со вентил ECO што
спречува дел од детергентот да остане
неупотребен при следното перење.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без викање
сервисер. Пред да се обратите во
вашиот локален сервисен центар, прво
изведете ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвената контролна сијалица од копчето
6 да трепка и на екранот да се појави
некоја од следните шифри за тревога, за
да укажат дека машината не работи:
•
: проблем со доводот на водата.
•
: проблем со испуштањето вода.
•
: вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 6 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по
сиве овие проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината за перење не
стартува:
Вратата не е затворена.
• Добро затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во приклучницата.
• Вметнете го штекерот во приклучницата.
Во приклучницата нема струја.
• Проверете ја домашната електрична инсталација.
Избил главниот осигурувач.
• Заменете го осигурувачот.
Програматорот не е правилно поставен и копчето 6 не е
притиснато.
• Завртете го програматорот и повторно притиснете го
копчето 6 .
Избран е одложен старт.
• Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложениот старт.
Машината не зема вода:
Славината за вода е затворена.
• Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или превиткано.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Филтрите во доводното црево или во доводниот вентил се
затнати.
• Исчистете ги филтрите во доводот на вода (повеќе детали
ќе најдете во "Чистење на филтрите во доводот на вода").
Вратата не е правилно затворена.
• Добро затворете ја вратата.
electrolux 43
Komentáře k této Příručce