
Чистење на доводните филтри за вода
Ако забележите дека на машината и'
треба подолго време да се наполни,
проверете да не е затнат филтерот во
цревото за довод на вода.
1. затворете ја славината.
2. Одвртете го доводното црево.
3. Исчистете го филтерот во цревото со
помош на четка со тврди влакна.
4. Зашрафете го цревото на славината.
5. Отшрафете го цревото од машината.
Подгответе крпа, бидејќи може да
истече вода.
6. Исчистете го филтерот во вентилот
со тврда четка или со парче крпа.
7. Зашрафете го цревото на машината
и уверете се дека е цврсто
приклучено.
8. Отворете ја славината.
Итно празнење
Доколку водата не е испуштена,
постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете ја приклучницата од
штекерот;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте водата
да се излади;
4. Отворете ја вратичката на пумпата;
5. ставете длабок сад на подот и
ставете го крајот од цревото за итно
празнење во него. Извадете го
капачето од него. Водата треба да се
исцеди во садот по слободен пад.
Откако садот ќе се наполни, вратете
го капачето на цревото. Испразнете
го садот. Повторувајте ја постапката
додека водата не престане да тече;
6. доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
7. откако ќе го затворите со капачето,
вратете го цревото за итно празнење
на место;
8. повторно зашрафете ја пумпата и
затворете ја вратичката.
Спречување смрзнување
Ако машината е ставена на место каде
што температурата може да падне под
0°C, постапете вака:
1. затворете ја славината и отшрафете
го цревото за довод на вода до
славината;
2. Ставете го крајот од цревото за итно
празнење и на доводното црево во
длабок сад на подот и пуштете ја
водата да истече;
3. повторно зашрафете го доводното
црево и вратете го на место цревото
за итно празнење откако ќе му го
ставите капачето.
Така се празни сета вода од машината,
со што се избегнува формирање мраз и
евентуално нејзино оштетување.
Кога ќе сакате повторно да ја користите
машината, проверете дали температура
во просторијата е над 0°C.
42 electrolux
Komentáře k této Příručce