Electrolux EWF12270W Uživatelský manuál Strana 30

  • Stažení
  • Přidat do mých příruček
  • Tisk
  • Strana
    / 52
  • Tabulka s obsahem
  • KNIHY
  • Hodnocené. / 5. Na základě hodnocení zákazníků
Zobrazit stránku 29
Тркалце на програматорот
Овозможува вклучување и исклучување
на апаратот, како и одбирање програми.
Намалување центрифуга
Со притискање на ова копче можете да
ја промените брзината на
центрифугирање на избраната
програма.
Ноќен циклус
Со одбирање на оваа функција
машината нема да ја испушти водата од
последното плакнење и сите фази за
центрифугирање се исклучени за да не
се истуткаат алиштата. Овој циклус за
перење е многу тивок и може да се
одбере за навечер или за периоди со
поевтина струја. За некои програми
плакнењата ќе се извршат со повеќе
вода. Пред да ја отворите вратата,
неопходно е да се испушти водата. За да
ја испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Задржано плакнење
Со одбирање на оваа функција водата
од последното плакнење не се црпи за
да се спречи туткање на ткаенините.
Пред да ја отворите вратата, неопходно
е да се испушти водата. За да ја
испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Опции Секојдневно - Лесно - Брзо
Со притискање на овие копчиња може да
се менува времето на перење што
машината го предлага автоматски за да
се добијат добри резултати за кратко
време.
Секојдневно: се користи за нормално
извалкани памучни, синтетички или
нежни алишта.
Лесно: се користи за лесно извалкани
памучни, синтетички или нежни
алишта.
Брзо: многу краток циклус за малку
извалкани алишта што биле носени
кратко време.
Дополнително плакнење
Апаратот е конструиран да штеди
енергија. Ако е потребно плакнење на
алиштата со дополнително количество
вода (дополнително плакнење),
изберете ја таа опција. Ќе се извршат
неколку дополнителни плакнења. Оваа
опција се препорачува за лица
алергични на детергенти, како и за
подрачја со многу мека вода.
Старт пауза
Ова копче ви овозможува да ја
стартувате или да ја прекинете
избраната програма.
Одложен старт
Со ова копче, програмата може да се
одложи за 30 мин - 60 мин - 90 мин, 2
часа, па потоа по 1 час се до максимум
од 20 часа.
Показни контролни сијалици
8.1
8.2
8.3
Откако ќе се притисне копчето 6 , се пали
контролната сијалица ПЕРЕЊЕ (8.1).
Кога ќе се запали контролната сијалица
8.1, тоа означува дека машината работи.
Контролната сијалица ВРАТА (8.2) се
пали кога ќе почне програма и укажува
дали вратата може да се отвори:
свети: вратата не може да се отвори.
Машината работи или престанала да
работи, но има вода во кадата.
не свети: вратата може да се отвори.
Програмата завршила или водата е
исцрпена.
светлото трепка: вратата се отвора за
неколку минути.
Кога завршила програма, контролната
сијалица КРАЈ НА ЦИКЛУС (8.3) се пали.
30 electrolux
Zobrazit stránku 29
1 2 ... 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 ... 51 52

Komentáře k této Příručce

Žádné komentáře