
РЕГУЛИРАЊЕ НА
ТЕМПЕРАТУРАТА
Поставената температура на ладилникот
може да се прилагоди со притискање на
копчето за температура.
Поставена оригинална температура: +5°C за
ладилникот.
Показателот за температурата ја прикажува
поставената температура.
Поставената температура ќе се постигне за
24 часа.
По прекин на електричното
напојување, поставената
температура останува зачувана.
РЕЖИМ НА ПРАЗНИК
Оваа функција ви овозможува да го држите
ладилникот затворен и празен за време на
долг празничен период без создавање на
лоша миризба.
Преградата на ладилникот мора да
биде празна со вклучена функција за
празници.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот за празници трепка неколку
секунди.
Показателите на температура на
ладилникот ја покажуваат поставената
температура.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот за празници не почне да
трепка.
2.
Показателот за празници се исклучува.
Функцијата се исклучува со избирање
на различна поставена температура
на ладилникот.
ECOMODE
За оптимално чување на храната, изберете го
EcoMode.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот EcoMode трепка неколку
секунди.
Температурниот показател ја прикажува
поставената температура:
– за фрижидерот: +4°C
2.
Показателот EcoMode се прикажува.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот EcoMode не почне да
трепка.
2.
Показателот EcoMode се гаси.
Функцијата се исклучува со избирање
на различна поставена температура.
SHOPPINGMODE
Ако треба да ставите големо количество
храна, на пример откако сте се вратиле од
пазарење продукти, предлагаме да го
активирате ShoppingMode за да ги изладите
продуктите побрзо и да избегнете загревање
на другата храна што е веќе во ладилникот.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот ShoppingMode трепка
неколку секунди.
ShoppingMode се исклучува автоматски по
околу 6 часа.
За да ја исклучите функцијата пред да заврши
автоматски:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот ShoppingMode не почне да
трепка.
2.
Показателот ShoppingMode се гаси.
Функцијата се исклучува со избирање
на различна поставена температура
на ладилникот.
АЛАРМ ЗА ОТВОРЕНА ВРАТА
Ако ја оставите вратата отворена неколку
минути, ќе се огласи звучен аларм. Алармот
за отворена врата се прикажува со:
• трепкање на показателот за аларм
• акустично зуење
Откако повторно ќе се воспостават нормални
услови (затворена врата), алармот ќе
престане.
За времетраењето на алармот, зуењето може
да се исклучи со притискање на кое било
копче.
РЕЖИМ FREESTORE
За да ја вклучите функцијата:
МАКЕДОНСКИ 49
Komentáře k této Příručce