
9.4 Истовремено вметнување на решетката и тавата за маснотии
Ставете ја решетката врз тавата. Ставете ги
решетката и тавата за маснотии на
телескопските шини.
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
10.1 Мени со Омилена програма
Можете да ги зачувате вашите омилени
поставки како времетраење, температура или
функција на загревање. Тие се достапни во
менито Омилена програма . Можете да
зачувате до 20 програми.
Зачувување на програма
1.
Активирајте го апаратот.
2.
Подесете функција за загревање или
функцијата Помош при готвење .
3.
Допирајте го повеќепати, сè додека
на екранот не се прикаже " ЗАЧУВАЈ ".
Притиснете OK за да потврдите.
4.
Екранот ги покажува првите три
слободни места во меморијата.
Притиснете OK за да потврдите.
5.
Внесете го името на програмата. Првата
буква трепка. Притиснете
или за
да ја смените буквата. Притиснете OK.
6.
Допрете го или за да го
поместувате курсорот кон лево или кон
десно. Притиснете OK. Следната буква
трепка. Направете ги чекорите 5 и 6 уште
еднаш ако е потребно.
7.
Притиснете и задржете OK за да
зачувате.
Корисни информации:
• Пополнетите места во меморијата можете
да ги презапишувате. Кога екранот ја
покажува првата слободна меморирана
позиција, допрете
или и
притиснете OK за да ја презапишете
постојната програма.
• Името на програмата можете да го смените
во менито Промена на името на
програмата .
Активирање на програма
1.
Активирајте го апаратот.
2.
Одберете го менито Омилена програма .
Притиснете OK за да потврдите.
3.
Одберете го името на вашата омилена
програма. Притиснете OK за да
потврдите.
10.2 Заклучување
Заклучување заштитува од случајни промени
на функцијата за греење. Заклучување
можете да го активирате само кога апаратот
работи.
Вклучување на Заклучување :
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Поставете функција за греење или некоја
поставка.
3.
Притискајте го постојано сЀ додека на
екранот не се прикаже Заклучување .
4.
Притиснете OK за да потврдите.
Ако апаратот има Пиролитичка
функција за чистење и функцијата
работи, вратата е заклучена.
Исклучување на Заклучување :
1.
Притиснете го .
2.
Притиснете OK за да потврдите.
МАКЕДОНСКИ 17
Komentáře k této Příručce