
7.2 Центрифугирање
Со оваа опција можете да ја намалите
основната брзина на центрифугирање.
На екранот се прикажува показателот за
поставената брзина.
Дополнителни опции за
центрифугирање:
Без центрифуга
• Поставете ја оваа опција за да ги
отстраните сите фази на центрифугирање.
• Поставете ја за многу нежни алишта.
• Фазата на плакнење користи повеќе вода
за одредени програми за перење.
• На екранот се прикажува показателот
.
Задржано плакнење
• Поставете ја оваа опција за да спречите
туткање на алиштата.
• Програмата за перење запира со вода во
барабанот. Барабанот се врти правилно за
да спречи туткање на алиштата.
• Вратата останува заклучена. Морате да ја
испуштите водата за да ја отклучите
вратата.
•
На екранот се прикажува показателот
.
За да ја исцедите водата, погледнете
во ’На крајот на програмата’.
Екстра тивко
• Поставете ја оваа опција за да се
отстранат сите фази на центрифугирање и
да се изврши тивко перење.
• Фазата на плакнење користи повеќе вода
за одредени програми за перење.
• Програмата за перење запира со вода во
барабанот. Барабанот се врти правилно за
да спречи туткање на алиштата.
• Вратата останува заклучена. Морате да ја
испуштите водата за да ја отклучите
вратата.
•
На екранот се прикажува показателот
.
За да ја исцедите водата, погледнете
во ’На крајот на програмата’.
7.3 Предперење
Со оваа опција можете да додадете фаза на
предперење кон програмата за перење.
Користете ја оваа функција за многу
извалкани алишта.
Кога ќе ја поставите оваа опција,
времетраењето на програмата се зголемува.
Се пали соодветниот показател.
7.4 Одложен почеток
Со оваа опција можете да го одложите
почетокот на програмата од 30 минути до 20
часа.
На екранот се прикажува соодветниот
показател.
7.5 Дополнително плакнење
Со оваа опција можете да додадете фаза
неколку плакнења кон програмата за перење.
Користете ја оваа опција за лица алергични
на детергенти и во области каде водата е
мека.
Се пали соодветниот показател.
7.6 Лесно пеглање
Машината внимателно ги пере и
центрифугира алиштата за да се спречи
туткање.
Апаратот ја намалува брзината на
центрифугата, користи повеќе вода и го
прилагодува времетраењето на програмата
според видот на алиштата.
Се пали соодветниот показател.
7.7 Time Manager
При поставување на програма за перење, на
екранот се прикажува основното
времетраење.
Притиснете го
или за да го намалите
или зголемите времетраењето на програмата.
Time Manager е достапен само со програмите
дадени во табелата.
Показател
1)
■ ■ ■
■ ■ ■ ■
■ ■ ■
МАКЕДОНСКИ 11
Komentáře k této Příručce