
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги вршат само
овластени техничари.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската преграда
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на
вообичаената употреба. Водата од
одмрзнувањето истекува во посебен сад од
задната страна на апаратот, над моторниот
компресор, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален
чистач, што ќе го најдете веќе вметнат во
дупчето за истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира малку мраз.
ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од околу
3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
3. Оставете ја вратата отворена.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете
ја внатрешноста темелно и вратете го
капакот на место.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете максимално
ладење и оставете го апаратот да работи
два-три часа со оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во комората.
32 electrolux
Komentáře k této Příručce