
1. АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
1.1 Автоматски програми
Автоматските програми даваат
оптимални поставки за секој вид месо
или други рецепти.
Автоматски рецепти (мени: Рецепти)
— Оваа функција користи однапред
дефинирани вредности за одредено
јадење. Подгответе го јадењето
според рецептот од оваа книга.
1.2 Категории
Во менито Помош при готвење,
јадењата се поделени во неколку
категории:
• Риба/Морска храна
• Месо од живина
• Mесо
• Јадења во рерна
• Пица/Киш
• Торта/колачи
• Леб/Кифлички
• Зеленчук
• Солени тортички со јајца
• Гарнир
• Мени за готвење
2. РИБА/МОРСКА ХРАНА
2.1 Бакалар
Состојки:
• 800 g сушен бакалар
• 2 супени лажици маслиново масло
• 2 големи главици кромид
• 6 чешниња лук, излупени
• 2 парчиња праз
• 6 црвени пиперки
• 1/2 конзерва сечкани домати (200 g)
• 200 ml бело вино
• 200 ml кор-бујон
• црн пипер, сол, тимијан, оригано
Метод:
Ставете го сушениот бакалар да кисне
преку ноќ. Следниот ден исцедете го
накиснатиот сушен бакалар, ставете
го во лонец со свежа вода и ставете го
на рингла да зоврие. Потоа тргнете го
од ринглата и оставете го да се
излади.
Ставете маслиново масло во тавче да
се загрее. Излупете го кромидот и
исечете го на парченца, здробете ги
излупените чешниња лук и исечете го
празот на тркалца и измијте ги. Заедно
ставете ги во врелото масло и
пропржете ги. Извадете го семето од
пиперките и исечете ги на ленти.
Потоа ставете ги во тавчето заедно со
сечканите домати.
Додадете бело вино и кор-бујон и
оставете малку да се вари на тивко.
Зачинете со црн пипер, сол, тимијан и
оригано и оставете да се вари на
тивко уште 15 минути.
Земете го изладениот сушен бакалар
од лонецот и исушете го со кујнска
хартија. Отстранете ги кожата, коските
и сите перки. Расцепкајте го месото и
измешано со зеленчукот, ставете го во
огноотпорен сад.
• Време во апаратот: 30 минути
• Ниво на решетка: 1
2.2 Филети од риба
Состојки:
• 600 - 700 g филети од гргеч, лосос
или морска пастрмка
• 150 g рендано сирење
• 250 ml слатка павлака
• 50 g лебни трошки
• 1 супена лажица тарагон
www.electrolux.com2
Komentáře k této Příručce