
Целокупниот
дополнителен прибор има
мали вовлечени краеви на
десниот и левиот раб
заради поголема
безбедност. Вовлечените
делови исто така
функционираат и како
уреди против остри
рабови.
Високиот раб околу
решетката спречува
садовите за готвење да се
лизгаат.
8. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
8.1 Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот
за ладење се вклучува автоматски за
да ги одржува ладни површините на
апаратот. Ако го исклучите апаратот,
вентилаторот за ладење продолжува
да работи додека апаратот не се
излади.
8.2 Безбедносен термостат
Неправилната работа на апаратот или
дефектните компоненти може да
предизвикаат опасно прегревање. За
да се спречи тоа, печката има
безбедносен термостат што го
прекинува напојувањето со струја.
Печката автоматски се вклучува
повторно кога температурата ќе се
намали.
9. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
Температурата и
времињата на печење во
табелите се дадени само
како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките
што се употребуваат.
9.1 Општи информации
• Апаратот има четири позиции на
решетката. Бројте ги нивоата на
решетките од долниот дел на
апаратот.
• Апаратот е опремен со специјален
систем кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на
пареата. Со овој систем може да
готвите во опкружување со пареа,
со што јадењата ќе останат сочни
одвнатре, а крцкави однадвор. Тоа
ги намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на
минимум.
• На апаратот или на стаклените
плочи на вратата може да
кондензира влага. Тоа е нормално.
Додека готвите, секогаш стојте
подалеку од апаратот кога ја
отворате вратата. За да ја
намалите кондензацијата, загрејте
го апаратот околу 10 минути пред
готвењето.
• Избришете ја влагата по секоја
употреба на апаратот.
www.electrolux.com12
Komentáře k této Příručce