
Проблем Можно решение
Фазата на центрифуга
не работи или циклусот
на перење трае подолго
од вообичаено.
Поставете ја програмата за центрифугирање.
Проверете дали е затнат одводниот филтер. Исчистете го
филтерот доколку е потребно. Видете во „Нега и чистење“.
Распоредете ги рачно алиштата во барабанот и започнете ја
фазата на центрифугирање уште еднаш. Овој проблем може
да е предизвикан од проблеми со рамнотежата.
На подот има вода. Погрижете се спојките на цревата за вода да се стегнати и да
нема протекувања на вода.
Проверете дали е оштетено одводното црево.
Проверете дали користете соодветен детергент и соодветна
количина од него.
Не можете да го
отворите капакот на
апаратот.
Проверете дали е завршена програмата за перење.
Поставете ја програмата за цедење или за центрифугирање
доколку има вода во барабанот.
Машината прави
невообичаена бука.
Проверете дали апаратот е правилно нивелиран. Видете во
„Монтажа“.
Проверете дали е отстранета амбалажата и/или
транспортните завртки. Видете во „Монтажа“.
Додајте уште алишта во барабанот. Полнењето со алишта
можеби е премало.
Циклусот трае пократко
од прикажаното време.
Апаратот пресметува ново време во зависност од полнењето
со алишта. Видете во поглавјето „Потрошувачки вредности“.
Циклусот трае подолго
од прикажаното време.
Несоодветното полнење со алишта го зголемува
времетраењето на циклусот. Тоа е нормално за работата на
апаратот.
Резултатите од
перењето се
незадоволителни.
Зголемете го количеството детергент или употребете друг.
Користете специјални производи за да ги отстраните
тврдокорните дамки пред да ги перете алиштата.
Проверете дали сте ја поставиле точната температура.
Намалете го полнењето со алишта.
Не можете да поставите
опција.
Проверете дали сте ги притиснале само саканите копчиња.
Откако ќе ја изведете проверката, вклучете ја
машината. Програмата продолжува од
точката на прекинот.
Ако повторно се појави проблемот, јавете се
во сервисот.
Ако на екранот се прикажуваат други шифри
за тревога. Вклучете и исклучете ја
машината. Ако проблемот продолжува, јавете
се во сервисот.
МАКЕДОНСКИ 21
Komentáře k této Příručce