Electrolux EWS1066EEW Uživatelský manuál Strana 3

  • Stažení
  • Přidat do mých příruček
  • Tisk
  • Strana
    / 44
  • Tabulka s obsahem
  • KNIHY
  • Hodnocené. / 5. Na základě hodnocení zákazníků
Zobrazit stránku 2
1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи
лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или
траен инвалидитет.
Не дозволувајте апаратот да го користат
лица, вклучително и деца, со намалени
физички сетила, намалени ментални
функции или со недоволно искуство и
знаење. Тие мора да бидат под надзор или
да добиваат упатства за ракување со
апаратот од лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
Не дозволувајте деца да си играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат
на деца.
Чувајте ги сите детергенти настрана од
дофат на деца.
Чувајте ги децата и домашните
миленичиња настрана од вратата на
апаратот кога е отворена.
Доколку апаратот има уред за безбедност
на деца, ви препорачуваме да го
активирате.
1.2 Монтажа
Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
Задржете ги транспортните завртки. Кога
повторно ќе го преместувате апаратот,
мора да го блокирате барабанот.
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0 °C или каде
што е изложен на атмосферски влијанија.
Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
Проверете дали подот на кој го монтирате
апаратот е рамен, стабилен, отпорен на
топлина и чист.
Не монтирајте го апаратот на места каде
што вратата на апаратот не може целосно
да се отвори.
Секогаш внимавајте кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Проверете дали воздухот циркулира меѓу
апаратот и подот.
Приспособете ги ногалките за да има
доволно простор меѓу апаратот и килимот.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со напојувањето
со струја. Доколку не се совпаѓа,
контактирајте со електричар.
Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжни кабли.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Контактирајте со сервисот или со
електричар за да го променат оштетениот
кабел за струја.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали штекерот за струја е
пристапен по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
Не допирајте го кабелот за струја или
приклучокот со влажни раце.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
Поврзување со вода
Потрудете се да не ги оштетите цревата за
вода.
МАКЕДОНСКИ 3
Zobrazit stránku 2
1 2 3 4 5 6 7 8 ... 43 44

Komentáře k této Příručce

Žádné komentáře