
Показател за енергетска ефикасност 103.5
Класа на енергетска ефикасност A
Потрошувачка на енергија кај нормално
полнење, конвенционален режим
0.99 kWh/циклус
Потрошувачка на енергија кај нормално
полнење, режим со форсиран вентилатор
0.88 kWh/циклус
Број на празнини 1
Извор на топлина Електрицитет
Волумен 71 l
Вид рерна Рерна вградена одоздола
Маса 38.0 kg
EN 60350-1 - Електрични апарати за
готвење во домаќинство - Дел 1:
Шпорети, рерни, рерни на плин и
скари - Методи за мерење на
работата.
13.2 Штедење на енергија
Апаратот има функции кои ви
помагаат да заштедите енергија при
секојдневното готвење.
• Општи совети
– Проверете дали вратата на
печката се затвора правилно
кога апаратот е во функција и
држете ја затворена колку што е
тоа можно за време на
готвењето.
– Користете метални садови за
да постигнете поголема
заштеда на струја.
– Кога е можно, ставете ја
храната внатре во печката без
да ја загревате.
– За време на готвење што трае
подолго од 30 минути, намалете
ја температурата на печката на
минимум барем 3-10 минути
пред да истече времето,
согласно времетраењето на
готвењето. Преостанатата
топлина во печката ќе овозможи
готвењето да продолжи.
– Користете ја преостанатата
топлина за да ги загреете
другите јадења.
• Готвење со вентилатор - кога е
можно, користете ги функциите за
готвење со вентилатор за да
заштедите струја.
• Одржување на топла храна - ако
сакате да ја искористите
преостанатата топлина за да го
одржите јадењето топло, изберете
ја најниската поставка за
температура.
14. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со
симболот . Ставете ја амбалажата
во соодветни контејнери за да ја
рециклирате. Помогнете во заштитата
на живтната средина и човековото
здравје и рециклирајте го отпадот од
електрични и електронски апарати. Не
фрлајте ги апаратите озанчени со
симболот во отпадот од
домаќинството. Вратете го производот
во вашиот локален капацитет за
рециклирање или контактирајте ја
вашата општинска канцеларија.
*
МАКЕДОНСКИ 37
Komentáře k této Příručce