
Функција на печката Примена
Скара
За печење рамни парчиња храна во мали
количини, во средината на решетката. За
правење тостови.
Двојна скара
Се вклучува грејачот за голема скара. За
печење рамни парчиња храна во големи
количини. За правење тостови.
Термална скара
Грејачот на скарата и вентилаторот од
рерната работат наизменично, струејќи
го жешкиот воздух околу храната. За
готвење големи парчиња
месо. Највисоката температура за оваа
функција е 200 °C
Печење со вентилатор
За печење или истовремено печење
месо и тесто за кои е потребна иста
температура, со користење на повеќе
нивоа, без мешање на вкусовите.
Одмрзнување
За растопување смрзната храна.
Тркалцето за контрола на температурата
мора да биде во положбата исклучено.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш
затворајте ја вратата на рерната
кога готвите, дури и кога печете
скара.
Немојте на дното од рерната да
ставате плехови за печење, тави,
итн. за да спречите оштетување на
емајлот на рерната.
Внимавајте при вадење или
ставање на приборот да не го
оштетите емајлот на рерната.
• Рерната има четири нивоа за
решетките. Бројте ги нивоата од
долниот дел на рерната.
• Истовремено можете да готвите
неколку јадења на различни нивоа.
Ставете ги решетките на висините 1 и
3.
• Рерната е опремена со специјален
систем, кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на
пареата. Овој систем овозможува да
се готви во пареа и јадењата да
останат сочни однатре, а крцкави
однадвор. Тој ги намалува времето
на готвење и потрошувачката на
енергија на минимум.
• Влагата може да кондензира во
апаратот или на стаклената врата.
Тоа е нормално. Секогаш стојте
подалеку од апаратот кога ја
отворате вратата од рерната додека
готвите. За да ја намалите
кондензацијата, загрејте ја рерната
околу 10 минути пред готвењето.
• Избришете ја влагата по секое
користење на апаратот.
Печење колачи
• Најдобра температура за печење
колачи е помеѓу 150 °C и 200 °C.
• Пред да печете, загрејте ја рерната
околу 10 минути.
• Не отворајте ја вратата на рерната
пред да поминат 3/4 од времето за
печење.
• Ако користите два плеха за печење
истовремено, оставете го нивото
помеѓу нив празно.
Готвење месо и риба
• Не печете парчиња месо помали од 1
кг. Готвењето премали количества го
прави месото премногу суво.
• За да постигнете месото убаво да се
запече однадвор, а да остане сочно
однатре, поставете ја температурата
помеѓу 200 °C-250 °C.
6 electrolux
Komentáře k této Příručce