Electrolux ENF2700AOX Uživatelský manuál Strana 64

  • Stažení
  • Přidat do mých příruček
  • Tisk
  • Strana
    / 128
  • Tabulka s obsahem
  • KNIHY
  • Hodnocené. / 5. Na základě hodnocení zákazníků
Zobrazit stránku 63
64 www.electrolux.com
5.1 Нормални работни звуци
Кога разладното средство се пумпа
низ намотките или цевките, може да
се слуша звук на тивко гргорење и
клокотење. Тоа е нормално.
Кога компресорот е вклучен,
средството за ладење се пумпа
низ системот и од него ќе слушате
звуци на шумење и тропање. Тоа е
нормално.
Термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на
пукање. Тоа е природен, безопасен
физички феномен. Тоа е нормално.
5.2 Совети за штедење
енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
5.3 Совети за ладење свежа
храна
За да добиете најдобри перформанси:
Не ставајте топла храна или течности
што испаруваат во фрижидерот.
Покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус.
5.4 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови): виткајте го во
пластични ќесички и ставајте го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења итн: тие
треба да се покриени и може да се
стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните
фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се чуваат
во посебни херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија
или пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат
капаче и да се ставаат на држачот за
шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се
чуваат во фрижидер.
5.5 Совети за замрзнување
За најдобро користење на процесот на
замрзнување, еве неколку важни совети:
Максималната количина на храна
којашто може да биде замрзната
во рок од 24 часа е прикажана на
плочката со спецификации.
Смрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за смрзнување во
тој период.
Смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна.
Поделете ја храната во мали
порции за да може брзо и целосно
да се смрзне и за да овозможите
одмрзнување само на потребните
количества.
Завиткајте ја храната во
алуминиумска или пластична фолија
за да се осигурате дека пакувањата не
испуштаат воздух.
Не дозволувајте свежата, несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете втората.
Посната храна се чува подобро
и подолго од мрсната; солта го
намалува рокот на чување на
замрзнатата храна.
Течности кои се замрзнати ако се
конзумираат веднаш по вадењето од
преградата на замрзнувачот, може да
предизвикаат смрзнатици на кожата.
Препорачливо е да се запише датумот
на смрзнување на секое пакување
за да можете да водите сметка за
времето на смрзнатост.
5. Помошни напомени и совети
Zobrazit stránku 63
1 2 ... 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 ... 127 128

Komentáře k této Příručce

Žádné komentáře