
6.4 Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
• извлечете го приклучокот за струја од
ѕидниот штекер или исклучете го апаратот
• Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место
• извадете ги фиоките на замрзнувачот
• ставете изолациски материјал околу
фиоките, на пр. ќебиња или весници.
Одмрзнувањето може да се забрза со
ставање садови со топла вода (не што врие)
во замрзнувачот
• Ослободете го одводниот канал од
положбата, притиснете го како на сликата и
ставете го во најдолната фиока на
замрзнувачот каде што може да се собира
водата
• внимателно изгребете го мразот кога ќе
почне да се топи. Користете дрвен или
пластичен гребач
• кога ќе се стопи целиот мраз, исчистете ја
и избришете ја целата внатрешност со сува
крпа, па вратете го одводниот канал на
место.
• вклучете го фрижидерот и вратете ја
смрзнатата храна.
Се препорачува апаратот да се вклучи на
најголемата поставка на термостатот во
период од неколку часа за да може да
постигне доволна температура за чување што
е можно поскоро.
Никогаш не користете метални
алатки за да го стругате мразот од
испарувачот, бидејќи може да го
оштетите. Не користете механички
уреди или какви било други вештачки
средства за забрзување на процесот
на одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати
нејзиниот век на чување.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ВНИМАНИЕ
Пред решавање на проблемите,
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Само квалификуван електричар или
стручно лице смее да ги решава
проблемите што не се наведени во
овој прирачник.
Во текот на вообичаеното користење,
се јавуваат одредени звуци
(компресор, циркулација на
средството за ладење).
Проблем Можна причина Решение
Апаратот е бучен. Апаратот не е добро
потпрен.
Проверете дали апаратот стои
стабилно (сите четири ногарки
треба да се на подот).
Компресорот работи
непрекинато.
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Поставете повисока
температура.
МАКЕДОНСКИ 41
Komentáře k této Příručce