
преградата, оставете апаратот да работи
барем 2 часа на најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја, ако
немало струја подолго време отколку под
ставката "време на одржување" во табелата
за технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да се смрзне
(откако ќе се излади).
Нега и чистење
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги вршат само
овластени техничари.
Одмрзнување на замрзнувачот
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 10-15 mm.
Најдобро време за одмрзнување е кога
замрзнувачот е празен или содржи малку
храна.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
3. Оставете го капакот отворен, извадете го
капакот од одводот за одмрзната вода и
соберете ја водата во сад. Користете
гребач за брзо отстранување на мразот.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете
ја внатрешноста темелно и вратете го
капакот на место.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете максимално
ладење и оставете го апаратот да работи
два-три часа со оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во комората.
ВАЖНО Не користете метални алатки за
гребење на мразот, зашто може да го
оштетите апаратот. Не користете механички
уреди или вештачки средства за забрзување
на топењето освен оние што ги препорачува
производителот. Покачувањето на
температурата на смрзнатата храна за време
на одмрзнувањето може да го скрати нивниот
век на чување.
Технички податоци
Димензии Височина × Широчина ×
Длабочина (mm):
Повеќе технички информации ќе
најдете на плочката со
спецификации од надворешната
десна страна на апаратот.
876 × 935 × 665
Време на
одржување
32 часови
Монтажа
Поставување
Апаратот може да се намести во гаража или
визба, но за оптимални перформанси,
поставете го апаратот на место каде што
околната температура одговара на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
Потреби за проветрување
1. Поставете го замрзнувачот во
хоризонтална положба, на тврда подлога.
Сандакот мора да стои на сите четири
ногарки.
2. Внимавајте просторот меѓу апаратот и
задниот ѕид да е 5 см.
3. Внимавајте просторот меѓу апаратот и
страните да е 5 см.
Протекот на воздух зад апаратот мора да
биде доволен.
Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
32 electrolux
Komentáře k této Příručce